По подигнатата дрвена статуа на Меланија Трамп во нејзината родна земја Словенија, овојпат дрвена статуа доби и нејзиниот сопруг, претседателот на Соединетите американски држави, Доналд Трамп, пренесува Би-би-си. 

Статуата е висока осум метри, а трамп е претставен со подигната тупаница во воздухот. Статуата е изработена во селото Села при Камнику, на околу 32 километри северо-источно од Љубљана. Статуата на Трамп е со крената рака во воздухот, и потсеќа на Статуата на слободата. Лицето има механизам кој овозможува статуата да го мени изразот од пријателски, до многу страшен. Нејзиниот креатор, Томаз Шлегл, изјави дека статуата е направена како коментар за популизмот.

Доналд и Меланија Трамп се многу популарни во Словенија, а родното место на Меланија стана магнет за туристите откако тој беше избран за претседател на САД во 2016 година. 

„Дрвената Меланија“, како што ја нарекуваа статуата на Меланија, е бојадисана со тонови на сината боја со цел да асоцира на синиот костум креиран од „Ралф Лорен Колекшн“, костумот што таа го носеше на денот на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп во 2017 година. Реакциите на мештаните варираа од восхит до презир. Дел од нив ја нарекоа статуата „штрумфета“, а други ја споредуваа со плашило за птици.