Едуардо Болсонаро (во средина) заедно со Жаир Болсонаро (десно) и Доналд Трамп на самиот Г20 во Осака

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро му ја понудил амбасадорската позиција во САД на неговиот син, Едуардо, со што би можел повторно да ги отвори полемиките за непотизам и силното влијание на семејството во бразилската политика, пишува „Фајненшл тајмс“.

Понудата за најмладиот син на Жаир, Едуардо Болсонаро, доаѓа во момент кога во САД се води интензивна дебата за влијанието на семејството на претседателот Доналд Трамп во американската политика, поточно за неговата ќерка Иванка. Таа го привлече вниманието на јавноста со истакнатите настапи на Г20 самитот во Осака, заедно со нејзиниот татко.

Претседателот на Бразил посочи дека неговиот син би бил добар амбасадор во САД поради неговиоте големи познавања на англискиот јазик и блиските односи со семејството на Трамп.

– Тој е пријател со децата на Доналд Трамп, перфектно зборува англиски и шпански и има големо искуство. Едуардо совршено би можел да ја пренесе нашата порака – истакна Жаир.

Едуардо Болсонаро, кој мометно е конгресмен во долниот дом на бразилскиот парламент, индицираше дека би дал оставка доколку е назначен на важната дипломатска функција.

– Доколку назначувањето е мисија дадена од претседателот, ќе ја прифатам – посочи 35-годишниот Едуардо.

Многумина сметаат дека помладиот Болсонаро веќе де факто е министер за надворешни работи, а претходно добиваше пофалби во јавноста од блиските соработници за успешната посета на САД на неговиот татко.

И другите двајца синови на Жаир, Флавио и Карлос Болсонаро се сметаат како влијателни фигури во бразликсата политика. Познат како „питбулот“, Карлос ги координираше социјалните мрежи за време на претседателската кампања на неговиот татко и се смета за еден од најзаслужните за зголемување на гласачкото тело на сегашниот претседател.

Иако ја нема официјалната функција, Карлос Болсонаро де факто е портпарол на претседателот на државата, човек кој е немилосрден во нападите на политичките противници на неговито татко, завршуваат од „Фајненшл тајмс“.

Едуардо, Жаир, Флавио и Карлос Болсонаро (од лево кон десно)