Фото: Принтскрин / ТВ Храм на СПЦ

Ова е прва литургија за помирување по повеќе од половина век

Македонските и српските архиереи повеќе од три часа во храмот „Свети Сава“ во Белград служеа заедничка литургија на македонски и на српски јазик.

Ова е прва литургија за помирување по повеќе од половина век.

Македонските и српските архиереи утрово ја почнаа првата заедничката литургија

Според Синодот на МПЦ-ОА, ова е чекор напред кон крајната цел за добивање на автокефалност.

МПЦ-ОА ја прифати поканата за сослужување со СПЦ, очекува томос за автокефалност до крајот на месецот

На преносот на ТВ Храм на СПЦ се гледаа илјадници верници, кои присуствуваа на литургијата.

Фото: Принтскрин / ТВ Храм на СПЦ

По завршување на литургијата патријахот Порфириј, поглаварот на Српската православна црква прв одржа говор, кој го пренесуваме во продолжение:

„Еве го денот што го создаде Бог, да се радуваме и веселиме во него. Се радува небото и земјата, се радуваат сите светители, се радува Свети Сава и сите кои се развивале од неговоте корени. Денеска се собравме во овој заветен храм на српскиот народ кој е посветен на Свети Сава да го спознаме денот што го создаде Господ.
Црквата една, затоа што е Бог еден како глава на црквата. Ние градиме единство и го чуваме поредокот.
Браќа и сестри, заедница во единството е светиња и не треба да не чуди што силите на овој свет кои се противат на Бога, кои не го сакаат Христос. Христос е огледало, во него се се гледа, кои сме и што сме. Демонските силе ќе прифатат се освен единството, на нив им треба поларизација им треба расцеп, најнапред во поединецот.

И еве без оглед на сите сили што имаат свои цели, наша цел е да го исполниме зборот на Христос и да бидеме едно.
Имавме раскол кој траеше 55 години со нашите брака од Македонија. И таа рана беше длабока и болеше. Со таа рана размислувавме, легнувавме и стануваме, со чезнеење да се исцели. Раната е исцелена, а тоа е дар божји.
Браќа архиереи нашата радост е неизмерна. Тоа е радост на љубовта божја, ние во Христа и црквата сме едно.
Браќа и сетри од Србија и Македонија денеска срцето на нашите народи чукаше за сите нас и заедно со нас. Чука во ритамот на Христос. Господ не погледна и не помилува“, заклучи патријархот Порфириј.

Потоа, говор одржа и архиепископот г.г. Стефан, поглварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија.

Фото: Принтскрин / ТВ Храм на СПЦ

„Му благодариме на Бога што, еве, се исполни времето, па наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, раководен од Неговата сесветост патријархот г.г. Вартоломеј и во истиот тој дух, донесоа одлука за воспоставување на евхаристиско и канонско единство помеѓу нашите помесни цркви“ истакна во својот говор архиепископот Стефан.

Фото: Принтскрин / ТВ Храм СПЦ

Поглаварот на МПЦ-ОА дополни дека „со чинот на изразената добра волја на дело, а потврдена, еве, и со денешнава заедничка света богослужба во овој велелепен Светосавски храм, покажавме дека со чашата на благословот и со кршењето на лебот, го покажавме заедништвото во најсветото, во крвта и телото Христови, покажавме дека сме заедно и едно во верата, со што го потврдиме единстовот меѓу нашите две црки, со тоа и фдинството си дите дртуги помесни православни цркви“.

Поглаварот на МПЦ-ОА додаде дека затоа „му благодариме на семилостивиот Бог, што го чу гласот од молитвите на народот, што ги виде и трпението, и верата, и надежта, и љубовта и нè не лиши од Неговото благоволение.

– Па, да продолжиме да Го молиме Бога, за Тој, со Неговата сесилна рака, да нè води по патот на богоугодното и човекољубиво служење на верата, за да можеме достојно да ја покажеме силата на љубовта и според Неговата заповед, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. Затоа да Му благодариме на семилостивиот Бог, што го чу гласот од молитвите на народот, што ги виде и трпението, и верата, и надежта, и љубовта и нè не лиши од Неговото благоволение. Па, да продолжиме да Го молиме Бога, за Тој, со Неговата сесилна рака, да нè води по патот на богоугодното и човекољубиво служење на верата, за да можеме достојно да ја покажеме силата на љубовта и според Неговата заповед, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал – порача г.г. Стефан.

Тој рече дека овој денешен чин е незаменлив лек, со кој се залечува раната на телото на црквата, зошто кога страда еден дел страдаат сите делови, а кога се радува еден дел со него се радуваат сите делови.

Фото: Принтскрин / ТВ Храм СПЦ

Истакна дека МПЦ-ОА, трудејќи се да го запази единството на Духот преку врските на мирот ќе продолжи по патот што води и служи за мир и заемно надградување, по патот што ќе ги оправда и братољубивите одлуки за единство со сите, вклучително и нашето барање за конечно решавање на автокефалниот статус на нашата Света Црква.

Изрази верување дека уште деновиве ќе доживееме радост и оти уште на овој Собор „повеќедецениската тага ќе се претвори во радост, на сите свештени лица, монаси, македонскиот народ и секаде каде што не има по светот“.

На крајот од своето обраќање, поглаварот на МПЦ-ОА уште еднаш ја истакна улогата на Вселенската патријаршија за денешното сослужение.

– Вам, како и на браќата членови на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, ви благодариме за едномислието со одлуката дадена од страна на вселенскиот патријарх, Неговата сесветост г.г. Вартоломеј, со кој се прифатија јерархијата и верниот народ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во евхаристиско и канонско единство, а кое, еве со вас, на дело се потврди со денешнава света литургија-истакна г.г. Стефан.

На крајот, свој говор имаше и Јован Вранишковски на Православната Охридска Архиепископија.

Фото: Принтскрин / /ТВ Храм

-Не знам кога сум бил порадосен, кога го примив томосот за ПОА, или денеска. Ако можам да бирам, би рекол денеска, бидејќи сите сме едно. Единството на црквата не е дополна на суштината на црквата, туку во самата суштина на црквата. Не може да имаме две или повеќе цркви, затоа влегувајќи во единство со СПЦ се признаваат сите свети тајни на МПЦ, кога не беа во единство. Треба да им се даде големо признание на архиереите и Архиепископот Стефан, кои издржаа на сите притисоци во Република Северна Македонија – заклучи Вранишковски.