Браќата Чанг и Енг биле неразделни и сѐ правеле заедно. Нивните тела биле врзани со `рскавица во градниот кош. Нивните црни дробови, исто така, биле споени, меѓутоа работеле одвоено.

Браќата биле „првите“ сијамски близнаци во светот (поради нив е воведен терминот), а родени се 1811 година во Сијам (сегашен Тајланд).

Кога ќе се разделеле физички најмногу што можат `рскавицата се растегнувала до 12 сантиметри, така што им било овозможено да водат нормален живот.

Браќата можеле да трчаат, да пливаат, а им помагале и на своите родители во полјоделство.

Близнаците ги забележал Британецот Роберт Хантер и ги убедил нивните родители да ги води на Запад со намера да учествуваат на циркуски спектакли.

Во Америка настапувале шест дена неделно, правеле салта, играле шах и кревале тегови.

Меѓу населението постоело верување дека близнаците можат да ги оплодат жените што не можеле да имаат деца.

Американските и британските доктори постојано вршеле испитувања и дошле до сознание дека ако го скокоткаш едниот брат, другиот го чувствува скокоткањето, а исто се склучувало и со вкусовите од храна.

Обајцата биле интелигентни, меѓутоа Чанг бил подоминантен.

Во 1838 година браќата се преселиле во Северна Каролина каде што се запознале со две сестри од соседството.

Чанг и една од сестрите се заљубиле, па се договориле и Енг да се ожени со другата сестра.

Интересен е фактот дека таткото на невестите се противел на бракот, меѓутоа не затоа што браќата биле сијамски близнаци, туку затоа што биле Азијци.

Не е сосема јасно како двојките имале сексуален живот. Креветот бил направен за четворица луѓе, во средина спиеле браќата, а двете сестри спиеле од левата и од десната страна.

Чанг и Аделејд имале десет деца, додека Енг и Сара имале 11.

За време на граѓанската војна браќата останале без пари, така што донеле одлука да се вратат во циркус.

Во 1970 година Чанг доживеал инфаркт и неговата десна страна целосно се парализирала.

Близнаците не сакале да бидат раздвоени, меѓутоа како старееле, така почнувало да им се менува мислењето.

Најголемиот страв им бил дека ќе мораат да живеат со труп, доколку едниот од браќата почине. Меѓутоа, докторите одбивале да ги одвојат, зафат кој денес би се извел без проблем.

Во 1874 година Чанг добил бронхит и два дена подоцна починал. Енг се разбудил покрај починатото тело на брат му и почнал да паничи. По само три часа и тој починал.