Фото: Веб страна на Евровизија

Фронтменот на фолк-рап групата „Калуш оркестар“ , Олег Псиуг, по победата на „Евровизија 2023“, веднаш се врати во Украина и застана во првата линија на фронтот во војната против Русија.

Неговата последна фотографија на социјалните мрежи е прегратската на неговата девојка Александра, пред хотелот во Торино, Италија, непосредно пред заминуавњето во татковината, каде им се приклучи на украинските сили во борбата против руската агресија.

Носејќи ја препознатливата розова капа и ранецот на грбот, тој со такси се упати кон аеродоромот, а од таму со авион одлета за Киев, пренесе „Дејли мејл“..

Фото: Инстаграм

Тој и другите членови на бендот добиле „посебни дозволи“ да ја напуштат Украина во текот на војната, а еден од членовите на оркестарот останал да се бори, додека Псиуг и другите деновиве му се придружија.

Фото: Инстаграм

– Оваа победа на сите многу ни значи, таа ќе го крене расположението и ќе доведе до повеќе победи на сите фронтови. Нашата култура е нападната. Сакавме на евровизиската сцена да му ја претставиме на светот нашата музика. И ја посветив песната „Стефанија“ на мојата мајка, уште пред војната, но подоцна за различни луѓе таа почна да добива понакво значење. Се враќам дома да се борам, но и да ја водам волонтерската организација која им помага на бегалците да добијат храна, сместување и лекови. Се надевам дека в година ќе бидеме домаќини на „Евровизија“ во новоизградена и среќна украина – изјави Псиуг за „Дејли мејл“.