Сивиот џемпер кој менаџерот на Манчестер Сити, Џозеп Гвардиола, го носеше во текот на последната сезона во која освои тројна круна во Англија (шампионат, ФА купот, Лига купот) е продаден на добротворна аукција за 6.000 фунти.

По победата против Ватфорд во финалето на ФА купот, Гвардиола изјави дека ќе ја даде својата препознатлива облека за добротворни цели, а клубот објави дека џемперот бил купен од нивниот американски обожавател Џејмс Хоџ.

Парите собрани на аукција ќе се користат за обезбедување бесплатни оброци за семејствата во Манчестер за време на шолските празници.

– Воодушевен сум што се собраа толку пари за добротворни цели. Исто така, фантастично е што можеме да им дадеме на обожавателите нешто лично што ни помогна во постигнувањето на неверојатен успех во минатата сезона – рече Гвардиола.