Мануел Гарсија Хернандез можеби е најстариот човек на светот. Тој има 121 година и се грижи за кокошки на семејна фарма во Веракруз, Мексико. Тој е осум години постар од Масаз Ненаке од Јапонија, кој во моментов го држи Гинисовиот рекорд како најстар човек во светот.

Овој Мексиканец не се обидел да го официјализира податокот и да влезе во Гинисовата книга на рекорди. За него, годините се само број. Гарсија вели дека не чувствува дека има повеќе од 80 години. Тој додава дека само жали за двете работи во животот – дека го изгубил својот татко во раните години и дека повеќе не може да работи.

 

Иако веќе нема работа, тој се грижи за кокошките и ја дели куќата со неговата ќерка Томас.

– Среќен сум, но се чувствувам уморен. Се трудам, работам, бидејќи ако останам да лежам во кревет или да седам во фотелја, можам да се разболам. Јас би сакал да работам како што сум навикнат, во полињата да заработувам, но не можам. Тоа ме прави тажен. Како млад работев напорно- вели Гарсија.

Се оженил на возраст од 45 години, Росма Медино, која во тоа време имала само 13 години. Тие имаат пет деца, 15 внуци и 6 правнуци. Во брак биле речиси седум децении, додека Роса не умрела пред осум години. По нејзината смрт, Гарсија се преселил во куќата на неговата ќерка Тома, која има 54 години.

Ако се утврди дека Гарсија навистина има 121 година, тој ќе биде официјално најстар човек во светот.

Гарсија го изгубил прстот на 80-годишна возраст, но има многу добро здравје. Се движи изненадувачки брзо, гледа добро, иако пред три години правел операција од катаракта. Тој се надева дека ќе дочека 125 години, а како причина за долг живот вели дека е добар сон, рано станување, здрава исхрана, земање витамини и работа. Секое утро станува во 5:30 часот, денот го започнува со банани и смути од јаболко, а потоа појадува овесна каша и две јајца. Потоа оди да направи обиколка кај кокошките.