Пчелите се најважните живи суштества на Земјата, заклучи Кралското географско друштво од Лондон на својата последна средба. За жал, експертите за животински видови и научниците, ги ставија пчелите на долгиот список на загрозени видови на планетата.

Неодамнешните студии покажаа драматичен пад на бројот на пчелите, бидејќи скоро 70 отсто од нивната популација исчезна во последните неколку години.
Неконтролираната употреба на пестициди, уништување на шумите или недостиг од цвеќиња се главните причини за нивното истребување.

Меѓу причините зошто пчелите се најважни живи суштества е и фактот што 70 проценти од светското земјоделство зависи исклучиво од нив. Пчелите го вршат опрашувањето, без што растенијата не би можеле да се репродуцираат, а последиците би биле катастрофални, фауната на планетата би ја снемало за многу кратко време.
Една студија спроведена од центарот за претприемништво за пчеларство на „Универсидад“ и Корпорацијата за пчеларство на Чиле (Кеш), со поддршка на Фондацијата за аграрни иновации (ФИА), заклучи дека пчелите се единствените живи суштества што не носат никаков вид патоген.

Славниот физичар Алберт Ајнштајн своевремено рекол дека доколку тие исчезнат, луѓето ќе имаат само четири години да живеат.