Израелската стартап-компанија „СторДот“ ги претстави новите литиум-јонски батерии за електрични автомобили кои се полнат за пет минути, а ги произведе кинеската компанија „Ив енерџи“ на стандардни линии за производство, пренесуваат светските медиуми.

Со овие батерии може да се стави крај на проблемите за батериите на електричните автомобили, односно за времето на полнење и дометот.

Времето за полнење на батериите на електричните автомобили уште е далеку од идеално, а токму тој проблем се обидува да го речи „СторДот“.

Се прават обиди да се развие батерија за сите видови електрични возила, од електрични скутери до автомобили, кои ќе се полнат само пет минути.

Батериските ќелии се производ на кинеската компанија „Ив енерџи“ и од традиционалните се разликуваат во тоа што анодата содржи метелоидни наночестички место графит. Од „СторДот“ тврдат дека тоа е клучниот чекор во надминување на проблемите кои се однесуваат на сигурноста и векот на траење на батериите. Во иднина израелската стартап компанија има намера да користи силикон наместо германиум за овие наночестички, поради што батериите би биле поевтини.

Електричните автомобили чии батерии ќе се наполнат за пет минути би можеле да го решат проблемот со редиците на станиците за полнење, како и да се намали стресот од грижата за нивниот домет.

Во „СторДот“ веруваат дека до 2025 година, со постоечката инфраструктура, батериите ќе овозможат домет од 160 километри по само пет минути полнење.

Во „СторДот“ инвестираат компаниите „Дајмлер“, „Те-де-ка“и „Самсунг“.