Варшавскиот облакодер „Варсо“ во центарот на главниот град на Полска, стана највисока зграда во Европската Унија со височина од 310 метри, пренесуваат медиумите.

„Варсо“ е дел од поголем развојен проект, дизајниран од „Фостер и Партнери“ и реализиран од „ХБ Реавис“, Тој наоѓа во близина на централната станица во Варшава, и неговото отворање е предвидено подоцна годинава или во 2022 година.

Овој облакодер ќе го преземе местото на Палатата на културата и науката од времето на комунизмот (237 метри), што досега се сметаше за највисоката зграда во Варшава.

Облакодерот „Варсо“ има тераси со убав поглед на 49-от и 53-от кат, два брзи стаклени лифтови кои посетителите ќе ги превезуваат со брзина од осум метри во секунда, ресторан н атри ката со поглед на центарот на градот и 64.000 квадратни метри канцелариски простор.

Но, покрај единствената архитектура и фактот дека „Варсо“ е повисок од лондонски „Шард“ (309,6 метри) и зградата „Комерцбанк“(259 метри) во Франкфурт, изнајмувањето на просторот не се одвива според очекувањата, што се должи на пандемијата.