Најстариот од осумте внуци на кралицата, Питер Филипс (42), се појавува во кинеска реклама за млеко. Тој во рекламниот спот позира со чаша млеко, а во заднината се наоѓа куќа, која многу потсетува на Лонглет во Волтшир.

Рекламата предизвикала голем јавен интерес. Некои пишуваат дека Питер го користи својот кралски статус за да ја зголеми својата банкарска сметка, други коментираат дека одвај чекаат да го пробаат кралското млеко. Пред 12 години, Питер се ожени со Канаѓанката Кели, а свадбените фотографии му ги продадоа ексклузивно на еден светски портал. Тие се запознале во 2006 година на автомобилска трка во Монтреал. Таа не знаела дека е член на кралското семејство, тоа го открила дури кога го видела на телевизија на свеченост на британскиот двор.