Холивудските актери Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро, по 23 години повторно ќе снимаат заедно. Станува збор за новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе, „Убијци на цветната месечина“.
Следното филмско остварување на Скорсезе ќе се заснова врз книгата на Дејвид Грен „Убијци на цветната месечина: Убиствата во Осејџ и раѓањето на ФБИ“, пренесува УНИЛАД.

Дејството на филмот е поставено во 1920-тите и ја раскажува приказната за семејство на американски домородци од племето Осејџ, кои некогаш биле најбогати луѓе во светот благодарение на нафтата пронајдена на нивната територија.
Нафтата од јаглен во текот на првата четвртина од 20 век предизвикала масакр на припадниците на племето Осејџ, што довело до еден од првите случаи на ФБИ.

Последен пат глумците снимаа заедно во 1993 година во филмот „Животот на ова момче“. Ди Каприо го претстави Де Ниро на годинашното доделување на наградата за животно признание на американското Здружение на филмски глумци.
За Ди Каприо, ова ќе биде шестиот филм што ќе го снима со Скорсезе, прв по „Волкот од Вол Стрит“ во 2013 година.