Едни од најпознатите модни додатоци што ги прослави Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) во култната серија „Сексот и градот“ се кралски сините чевли „маноло бланик“ со тока.
Не е ни чудо што инспирираа многу брендови да нудат слични модели по пристапна цена. Но обожавателите на серијата особено беа воодушевени кога видоа дека Сара Џесика Паркер уште еднаш ги обу култните чевли во новите продолженија на серијата.
Некои од чевлите што ги носеше Кери Бредшо во серијата, а подоцна и во филмовите, секако, добија култен статус меѓу модните додатоци.
Ова особено се однесува на еден пар чевли што беа многу посебни за Кери, така што таа реши да ги обуе нив на церемонијата на венчавањето за Фацата. Тие всушност ѝ служеа како свршенички прстен.
Станува збор за сатенски салонки на легендарниот дизајнер на чевли Маноло Бланик, во кралска сина боја и со тока.