Медицински совет

Сѐ помал број луѓе не се придржуваат до правилото дека дневно треба да испијат осум чаши вода. Во тој случај организмот ни испраќа знаци дека не пиеме доволно вода.
Кожата ви е сува: ако чувствувате дека усните ви се испукани, најверојатно сте дехидрирани. За проверка стиснете ја кожата на дланката, а ако остане во таа положба, како шатор, и потребно ѝ е време да се врати во првобитната положба, мора да го зголемите количеството на вода што го пиете. Другите знаци на дехидрација се слаби и кршливи нокти и суви очи и уста.
Имате грчеви: еден од најбитните показатели дека сте дехидрирале се грчевите. Се препорачува повеќе течност и електролити, особено калиум и магнезиум.
Постојано ви е жешко: водата е клучна за регулирање на телесната температура, а недостигот предизвикува прегревање на телото, кое ја губи способноста да ве разлади. Циркулацијата е забавена, па не можете ни да се испотите, што е еден од начините за намалување на температурата.
Бавно варење на храната: таканаречениот „запек“ може да биде последица на дехидрација. И на системот за варење му е потребна вода, за да функционира правилно и да ги исфрла штетните состојки.