Работата од дома за време на пандемијата на коронавирусот стана вообичаена за многумина. Не само што се промени нашиот начин на работа туку и начинот на кој ние се одмораме. Наместо да ручаме во ресторан со колегите, сега на пример набрзина јадеме некој сендвич, проверувајќи истовремено на екранот.
– Исклучително е важно да се исклучите, да се обидете да се ослободите од работата за време на паузата за ручек – вели Утц Никлас Волтер од Германскиот институт за советување за здравје при работа (ИФБГ).
Според него, добра идеја е да ја активирате функцијата на вашиот телефон што се вклучува при летање со авион.

– Ако бев во кантината со колегите за време на паузата за ручек, веројатно немаше да одговарам на телефонски повици. Ако не помогне ни тоа, ставете го мобилниот телефон во фиока што можете да ја заклучите. Тоа е одличен начин вашиот поглед да не биде постојано насочен кон екранот – вели Волтер.
Луѓето што живеат сами и им недостига разговор со други луѓе може да организираат ручек со пријателите за време на паузата. Во таква ситуација, треба да се грижат и дека кога ќе договорат ручек надвор од дома, не треба да одат премногу далеку, затоа што на тој начин би можеле да се изложат на непотребен стрес.

Покрај паузата за ручек, сите што работат од дома, треба да се обидат да воведат и уште неколку кратки паузи во својот дневен распоред.