Англиско истражување за пубертетот кај кучињата

Како и луѓето, и кучињата влегуваат во пубертет. Тинејџерските години може да бидат и најубави и најстресни периоди од животот, кога стануваме најемотивни и ранливи. Истражувањето спроведено на Англискиот универзитет во Њукасл покажа дека кучињата се помалку послушни за време на пубертетот и дека е потешко да се тренираат во овој период, пишува „Гардијан“.

Луси Ашер објаснува дека непослушноста кај кучињата може да се спореди со непослушноста на тинејџерите кон родителите. Таа додава дека пубертетот кај кучињата се јавува од шестиот до деветтиот месец од нивниот живот. Во овој период, кучињата се исто така поемотивни и честопати се плашат ако останат сами.
Резултатите од 82 петмесечни кучиња и 80 осуммесечни кучиња откриле дека адолесцентите биле помалку послушни од младите кутриња по наредбите од нивните сопственици.