Еј-би-си објави дека популарната серија „Вовед во анатомија“ ќе добие и 18-та сезона, а ѕвездата Елен Помпео го потпишала договорот за да продолжи да ја глуми докторката Мередит Греј. Медицинската драма, која во моментов е во 17-та сезона, е телевизиско шоу број еден, привлекувајќи вкупно 8,3 милиони гледачи.
Исто така беше објавена и нова сезона на „Станица 19“, која е веднаш по „Вовед во анатомија“ меѓу најгледаните серии на Еј-би-си.
„Вовед во анатомија“ исфрли неколку долгогодишни членови на екипата оваа година, а Џакомо Џаниоти и Џеси Вилијамс ја напуштија серијата. Меѓутоа, потврдено беше дека членовите на актерската екипа Чандра Вилсон и Џејмс Пикенс Јуниор ќе се вратат во 18-та сезона, заедно со Помпео.
Криста Верноф, извршната продуцентка на „Вовед во анатомија“ и „Станица 19“ и творец на новата драма „Бунтовник“, го обнови својот повеќегодишен договор со „Еј-би-си сигначр“ во март.
Кога „Вовед во анатомија“ беше премиерно прикажана во 2005 година, создадена од Шонда Рајмс, никој не очекуваше дека ќе стане најдолгата драма во историјата на телевизијата. Ги надмина и претходните рекордери МАШ (11 сезони) и ЕР (15 сезони).