Дали често чувствувате непријатни мириси во вашата кујна? Понекогаш отворањето прозорец не е најдобро решение, особено во овие студени зимски месеци. Сепак, постојат трикови што ќе ви помогнат еднаш засекогаш да се ослободите од непријатните мириси во вашата кујна.

Застоен мирис од готвење – кога воздухот во вашата кујна станува застоен (што се случува поради честото готвење и испарување), можете да се ослободите од него ако во лонец со обична вода околу еден час варите една дланка каранфилче, неколку парчиња морско оревче, неколку стапчиња цимет и дел од кора од лимон. По ладењето, истурете ја течноста во шишенце со спреј и испрскајте во кујната. Непријатните мириси би требало да исчезнат за неколку минути!

Канта за отпадоци – совршено место за развој на опасни бактерии, кои не само што се опасни за вашето здравје, туку предизвикуваат исклучително непријатни миризби. Ако ве мачи лошата миризба на кантата, идеално решение е да полеете половина чаша боракс или натриум тетраборат на дното на кантата секојпат кога ќе го извадите ѓубрето и ќе ставите ново ќесе.

Тепих – ако имате тепих во кујната или вашата кујна е поврзана со дневната соба, може да се случи непријатната миризба да се впие во него. Миризбата може да се елиминира со тоа што ќе го испрскате тепихот со течност од половина чаша боракс и неколку есенцијални масла.