Основачот на Потсдамскиот институт за истражување на влијанието на климатските промени Ханс Јоахим Шелнхубер предложи да се воведат „климатски пасоши“ за луѓе кои се принудени да ги напуштат своие домови поради глобалното затоплување.

Шелнхубер изјави дека тие пасоши можат да се изработат врз основа на слични сертификати кои биле издавани на бегалци од граѓанската војна во Русија во 20-тите години од минатиот век.

Таканаречените „Нансен пасоши“ (по името на норвешкиот поларен истражувач, дипломат и публицист Фритјоф Нансен) подоцна опфатија и други луѓе кои се претворија во апатриди (лица без државјанство) откако го загубиле своето државјанство. Благодарение на овие пасоши, стотици илјади луѓе најдоа засолниште на нови места ширум светот.

Предлогот на Шелнхубер, направен на маргините на конференцијата на ОН за климата во Катовице, Полска, веројатно ќе наиде на отпор од страна на богатите држави, кои се плашат од можноста милиони бегалци да се упатат кон нив во следните декади.