Најголемата добивка во историјата на италијанската популарна лотарија, „Супер Еналото“, вредна 209 милиони евра, беше остварена вчера, а добитно ливче е купено во местото Лоди.

Добтникот за две евра го купил ливчето во барот „Марино“, а тоа му донело среќа и феноменална награда, објави агенцијата „Анса“.

Оваа добивка ги надминува лотариите „Еуромилиони“ и „Еуроџекпот“ каде најголемата сума беше 75 милиони, како и американските „Мега Милиони“ и „Пауербол“, каде беа извлечени добивки од околу 58 и 123,5 милиони евра.