Брус Вилис нема да работи само на еден проект, туку на три, откако го стави својот потпис да глуми во акциската трилогија насловена „Тврдина“ (The Fortress).
Вилис (66) ќе глуми во трилогијата заедно со Xеси Меткалф (42) и Чад Мајкл Мареј (39), како и со Кели Грејсон, наведува „Дедлајн“.
Продукцијата на првиот филм веќе започна во Порторико, а студиото „Емет / Фурла филмс“ планира да ги снима првите два филма истовремено.
Еден од двајцата извршни директори на студиото, Рендал Емет, ја разви приказната со Емил Хирш, а сценаријата ги напиша Алан Хорснеил.