Во 2006 година, во САД, се појави стрипот „Македонија“ од тројца американски автори: славниот Харви Пикар, цртачот Ед Пискор и младата Хедер Роберсон.
– Кај нас, во Македонија, стрипот се појавува со задоцнување, но, за среќа, тој не е застарен. И претставува, меѓу другото, и интересен историски документ, првенствено за периодот по рамковниот договор – вели издавачот „Темплум“.

Главен лик во стрипот е американската студентка Хедер Роберсон, посветена мировна активистка, која со години тврдела дека војната може да се избегне. Но постојано се соочувала со контрааргументи, дека војувањето е неизбежна последица на светските конфликти. Навистина, Хедер сфаќа дека докажувањето е малку незгодно без конкретни примери. Затоа прави нешто малку лудо: се упатува кон далечната Македонија за да го истражува регионот што бил на работ на насилство, но не паднал во него.