Медицински совет

За хидратацијата на телото многу се дебатира, а правилото од осум чаши вода на ден сѐ повеќе губи важност. Можете да испиете и неколку литри, особено кога е жешко. Но кои се знаците со кои телото нѐ предупредува дека не пиеме доволно вода?
Кожата ви е сува – ако чувствувате дека усните ви се испукани, тоа е знак дека најверојатно сте дехидрирани. За проверка притиснете ја кожата на дното на дланката и ако остане во таа положба (како шатор) и ѝ треба време да се врати во првобитната положба, вистински момент е да ја зголемите консумацијата на вода. Другите знаци на дехидратација се слаби и кршливи нокти, суви очи и уста. Грчевите се еден од најболните показатели дека сте дехидрирале. За да ги ублажите се препорачуваат хидратација и внесување електролити, особено калиум и магнезиум.
Недостигот од вода во организмот предизвикува прегревање, бидејќи вашето тело ја губи способноста да ја регулира температурата и да ве олади. Исто така циркулацијата е забавена, па организмот не може да го користи механизмот на намалување на температурата преку потење. Индикација за дехидрираност е и бавното варење на храната, бидејќи водата е неопходна телото да се ослободи од „отпадот“. Односно секој систем во нашето тело зависи од водата, па поради тоа ако не ја внесуваме доволно се чувствуваме лошо и исцрпено.