Медицински совет

Препораките за дневно количество вода, вклучувајќи ја и онаа што ја внесуваме преку храната и другите пијалаци, се 3 литри за мажи и 2,2 литри за жени. Кај зголемена физичка активност, повисоки температури, влажно и топло поднебје, потребно е земање дополнителни количества вода. Повеќе вода треба да се пие и при доење и бременост и кај некои здравствени состојби (висока температура, дијареја, повраќање).
Иако ретко се случува да се претера со пиењето вода, тоа може да им се случи пред сѐ а спортистите, во борбата за подобри резултати.
Според пишувањето на порталот „Хелтлајн“, лицата што имаат болести на бубрезите, црниот дроб или на срцето можат почесто да имаат преголема хидратација. Кај лицата што консумираат прекумерно количество вода, клетките на мозокот почнуваат да набабруваат, а притисокот во черепот расте. Тоа ги предизвикува првите симптоми на интоксикација со вода, што предизвикува: главоболка, мачнина, повраќање, збунетост и дезориентација.
Потешките случаи може да предизвикаат посериозни симптоми, како што се: сонливост, мускулна слабост или грчеви, двоен поглед, конфузија и отежнато дишење.