Францускиот уличен уметник Левалет е познат по своите забавни и креативни дела, кои можат да се видат на фасадите на зградите во неговиот роден град Париз.
Неговите реални фигури често комуницираат со околината, без разлика дали тие „држат“ прозорец, тркалаат топче за голф во одводната цевка или се подготвуваат да скокнат од бетонска платформа.
Посебно креативен е неговиот наративен проект „Одисеја“, кој опфаќа дела на уличната уметност низ главниот град на Франција, кои ги прикажуваат необичните авантури на еден лик (кој неодоливо потсетува на самиот уметник) во овој град.