Најновото продолжение на „Спајдермен“, „Пат без враќање“, до неодамна беше најгледаниот филм во кината низ светот, но деновиве петтиот дел на веќе култниот хорор-серијал „Вресок“ го симна од престолот. „Вресок“ заработи 34 милиони долари и веднаш се најде на врвот на боксофисот.
Многумина беа заинтригирани од враќањето на веќе познатите имиња и во петтиот филм, кои ги повторуваат улогите од претходните делови – Нев Кембел, Кортни Кокс и Дејвид Аркет, како и на Марли Шелтон, која првпат ја видовме во „Вресок 4“. Нови лица во приказната се ликовите на Џена Ортега, Мелиса Барера и Џек Квејд.
Режисери на филмот се Мет Бетинели-Олпин и Тајлер Жилет. Вес Крејвен ги режираше првите четири дела, но тој почина во 2015 година, на 76-годишна возраст. Филмот се дава и во скопските кина од 13 јануари.