Уметноста што е дополнително дигитализирана и постои во виртуелниот простор во форма на токен сега доби свој музеј. Имено, во Сиетл, САД, е отворен музеј посветен на НФТ. Тоа се вид криптовалути што овозможуваат разни уметнички дела на различни медиуми и сајтови да се продаваат по пат на механизмите на дигитална трговија и кои во целост го освоија светот на уметноста. Музејот НФТ во Сиетл содржи оригинални уметнички дела. Со објаснување на технологијата што стои зад нив, а наменета е да им помогне на посетителите да се движат низ новиот свет на незаменливите токени.
– Смислата на физичкиот простор е да им го олесни пристапот на посетителите – изјави коосновачот на музејот, Петер Хамилтон.
Музејот во оваа форма им овозможува на сите да уживаат во уметноста.
НФТ е дигитален факт со кој се потврдува сопственоста на уметничкото дело во дигиталниот свет, а со него се тргува исклучиво со криптовалути. Инвеститорите и богатите колекционери во последните месеци побараа да се вклучат во најновата дигитална понуда, која се потпира на блокчејн-технологијата, која ги придвижува криптовалутите. На неодамнешни аукции се платени големи суми за НФТ, вклучувајќи 69,3 милиони долари за дигиталното дело на уметникот Бипл, што беше една од ударните вести од светот на уметноста периодов. Како и кај секоја нова технологија, мислењата се поделени, некои ги доживуваат како каприц или неверојатно паметен тренд, а посетителите на музејот изјавиле дека почувствувале нешто реално.
– Тоа е некој вид глобален феномен, па набљудуваме како оживува – изјавила една од девојките што дошла на оваа необична изложба.
Според Хамилтон, тешко е да се каже каде ќе нѐ однесе оваа технологија бидејќи ова е почеток и сите учат.