Фото: Принт-скрин

Во Чиле, во рударската област Тиера Амарила, за време на викендот се појави огромна дупка со дијаметар од околу 25 метри, која сега ја истражуваат чилеанските власти. Локалните медиуми покажаа снимки од воздух од дупката во земјата.

Таа област, на околу 665 километри северно од главниот град Сантијаго, е минирана од канадската компанија Лундин Мининг, пишува „Гардијан“.

Сернагеомин, националната геолошка и рударска служба, дозна за дупката во саботата и испрати експертски персонал во областа, рече директорот на службата Дејвид Монтенегро.