Вазна пронајдена во кујна во Беркшир се продава за 150.000 фунти

208

Исклучително ретка кинеска вазна од 18 век, која пред четириесет години го чинела својот сопственик само неколку стотици фунти, сега може да се продаде за 150.000 фунти. Станува збор за вазна висока малку повеќе од половина метар, сина, украсена со сребрени елементи, позлатена и направена како украс за дворот на императорот Кианлонг.

Вазната е украсена со птици и лилјаци, кои се симбол на просперитет и долговечност, а ја купил англиски хирург во 1980-тите години. Подоцна му ја дал на својот син, кој не разбирајќи ја нејзината вредност, со години ја чувал во кујната. Дури кога случајно за време на една посета ја забележал специјалист за антиквитети биле откриени нејзината вистинска вредност и историја, а аукциската куќа „Беркшир“ наскоро ќе ја стави на аукција, пишува „Би-би-си“.
Марк Њустед, специјалист консултант за азиска керамика и уметнички дела, вели дека откритијата од овој вид се многу ретки.

– Исклучителниот квалитет, монументалната големина, како и нејзината фина декорација навистина направија ова уметничко дело да достигне висока вредност – велат од аукциската куќа.