Кристијан Менса е уметник од Прага што со години ги забавува своите следбеници на неговиот профил на Инстаграм со забавни комбинации на илустрации и работи што ги нашол во својот дом, како чешел, мандарина, тестенини или цветови.
За да ги создаде овие интересни композиции, тој ги спојува предметите со минималистички цртежи, кои ги инкорпорираат 3Д-елементите меѓу задебелени линии. Резултатите се многу забавни и го одразуваат возбудливиот начин на кој Менса го гледа светот.
Верувам дека секаде може да се најде инспирација. Затоа во мојата уметност вклучувам храна и секојдневни предмети од мојот дом. Доволно е да погледнам некои од нив и наскоро имам идеја за нова интересна креација – пишува Менса во една од своите објави на социјалната мрежа.