Проблемот во врска со нејзината посета на Крим се случува додека светот гледа дали Русија ќе ја нападне Украина

Неизвесно е учеството на „Евровизија“ на украинската пејачка Алина Паш. Нејзината шанса да се натпреварува на „Евросонг“ е ставена на чекање.
Алина Паш (28) вели дека е подготвена да ја претставува својата земја на годинашната „Евровизија“ во мај, по победата на телевизискиот натпревар што се одржа во саботата. Но националната телевизија на Украина, УА: PBC, го суспендира договорот таа да биде претставничка на земјата на „Евросонг“, објави Би-би-си. Властите го истражуваат нејзиното патување на Крим во 2015 година, област над која Русија ја презеде контролата во 2014 година.
Доказот дека Алина ги известила властите за тоа како влегла во регионот Крим е премет на истрага. Во изјава за Би-би-си, украинската национална телевизија вели дека го очекува одговорот на државната гранична служба за да ја потврди валидноста на документот. Тоа значи дека нејзиниот евровизиски настап е ставен на чекање додека не заврши истрагата.
Проблемот во врска со нејзината посета на Крим се случува додека светот гледа дали Русија ќе ја нападне Украина.
– Веќе имаме толку многу проблеми. Пандемијата е еден од нив и сè уште е присутна. Дали ни треба и војна? – изјави Алина за Би-би-си.