Доколку се препознаете во следните редови, веројатно сте интроверт, во спротивно барем ќе знаете што не треба да правите доколку сте во друштво на таква личност. Можеби за вас следните ситуации не се ништо посебно, но за интровертните личности се голем предизвик, па дури и извор на стрес. Издвоивме вкупно четири и се надеваме дека сте подготвени да ги откриете.

Центар на внимание

Интровертите не сакаат посебно изложување кога постигнуваат нешто одлично, дури и на родендени и други пригоди. Сето тоа за нив е најголемиот кошмар и многу стресна средина. Затоа, не присилувајте ги да се изложуваат, но кога треба (на пр. на состанок), тие едноставно ќе го сторат тоа, но многу неволно.

Ненајавени гости

Тоа не значи дека не сакаат да се дружат со пријателите, туку едноставно не сакаат да се појави некој ненајавен на нивната врата. Во тој случај, интровертот нема време да се подготви, па нема да биде целосно присутен во разговорите и ќе биде под стрес при посетата. Ако сакате да ги испочитувате, договорете се навреме.

Разговор на настани

Забавите и поголемите настани сами по себе се мошне стресни, а доколку од интровертните личности бараат опуштени разговори, особено со непознати, тоа е уште постресно. Така, веројатно, ќе ги најдете некаде надвор од толпата, како седат сами на маса или нервозно одат напред-назад. Од друга страна, многу сакаат длабоки разговори. Можат да ве поттикнат да гледате поинаку на работите, да размислувате за животот, да зборувате за вашите најголеми стравови, желби, цели…

Јавен настап

Без разлика дали станува збор за неформален говор пред толпа, на пример, на роденден или кога треба да им се обратат на гостите, сето тоа им носи немир. Ако зборувањето пред толпа е задолжително, тие за тоа се подготвуваат многу порано и, веројатно, им е многу тешко да заспијат. Од друга страна, разговорот во мала група е многу квалитетен и интересен и тие претпочитаат да учествуваат во него.