Од 7 февруари официјалните пасоши на Белгија ќе бидат илустрирани со цртежи на најпознатите белгиски стрип херои, почнувајќи од штрумфовите, преку Таличниот Том до Тин Тин и Марсупилами.

Новите белгиски пасоши со тоа ќе станат едни од најуникатните во светот, а тоа ќе биде можност за понатамошна промоција на стрипот како национална уметност со која Белгијците се многу горди.

– Белгискиот пасош е еден од најдобрите во светот, тој е извор на гордост за нас, но и предмет на желбата на фалсификаторот. Затоа постојано работиме на подобрување на неговата безбедност – изјави шефицата на дипломатијата на Белгија, Софи Вилмес.

Новите пасоши ќе вклучуваат 48 различни безбедносни техники и треба да бидат двојно побезбедни од сегашните кога станува збор за злоупотреба.

Белгискиот пасош моментално е седми најценет по слободата на движење што му ја обезбедува на имателот на глобално ниво од 199 национални пасоши.