Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот официјален фејсбук-профил сподели видео од средбата со Шон Пен.
– Актерот и режисер Шон Пен снима документарен филм за војната во Украина. Од првиот ден на целосната инвазија, тој беше во Киев и со свои очи виде што е руска агресија. Наскоро целиот свет ќе може да ja види вистината за војната благодарение на неговиот филм. Шон, ти благодарам што ги поддржуваш нашата држава и нашиот народ – напиша Зеленски на видеото.
Пен се сретна со Зеленски во февруари, ден пред инвазијата и дента кога започна инвазијата.
– Јасно беше дека сум во присуство на нешто. Тоа беше нешто ново за современиот свет, во смисла на храброст, достоинство и љубов. Тоа беше извонреден момент. Начинот на кој ја обедини таа земја, бев импресиониран и трогнат од тоа и преплашен од него и за Украина – рече актерот за украинскиот претседател.
Тој исто така спомна дека неговата непрофитна организација прави сѐ што може за да им помогне на луѓето во Украина, кои живеат во „мрачна нова реалност“.