Фелисити Хофман осудена на казна затвор за давање поткуп

64

Познатата американска актерка Фелисити Хофман, ѕвезда на серијата „Очајни домаќинки“, е осудена на 14 дена затвор заради вмешаност во афера со давање поткуп за прием на колеџ.

Федералниот суд во Бостон ја осуди актерката откако во мај ја призна вината за делото измама.

Таа ќе треба да плати и 30.000 долари парична казна, а доби и 250 часа општествено корисна работа и една година надзор. Актерката признала дека во 2017 година платила 15.000 долари за консултант на колеџот да ги преправи одговорите на приемниот испит на нејзината ќерка.