Контрастните, заситени и оптимистички тонови на палетата ги обликуваат трендовите и ги преплавија модните писти, уличната мода и Инстаграм. Соочени со неутралните опции, парчињата алишта во јаки бои триумфираат.
Понатаму, тука не станува збор само за тоа дека боите што го поставуваат ритамот на пролетта се највпечатливи, туку дека кога се мешаат една со друга, давајќи неочекувана комбинација: жолта и сина, виолетова и зелена или, моментно најпопуларната, портокалова и боја на фуксија.
Оваа комбинација не е случајна, а таа е тука за да се разбие класичната мешавина на црвено и розово, која го поттикна еден од најпознатите стилски митови. Тоа беше комбинација што се повторуваше со децении и една од омилените комбинации на стилските икони како принцезата Дијана.
Оваа сезона модните писти на компаниите како „Версаче“ или „Изабел Марант“ се исполнети со витаминско портокалова и светлорозова (позната и како валентино розова), но има и мешавина од двете нијанси во исто издание, следејќи уште еден голем тренд на сезоната – колор блок.
Покрај предлозите на модните писти, меѓународните стилисти и модни експерти потврдија дека ова е една од комбинациите на бои на сезоната. Во уличен стил оваа комбинација е особено забележлива при изборот на портокалово сако или панталони во комбинација со друго парче во боја на фуксија. Исто така, друг начин за успешно мешање на двата тона е да го додадете другиот преку чевли или чанти.
Дополнително, во многу наврати, други впечатливи тонови како светлозелената или фосфорната му даваат завршна нота на изгледот низ деталите, создавајќи ги најживописните комбинации на облека.