Принцот Чарлс сака да им ги отстапи своите имоти во Шкотска на украинските бегалци, но и да ги вработи. Неименуван извор за британските медиуми изјавил дека членовите на кралското семејство се согласиле дека треба да се развие и пакет практични мерки за помош.
– Сите членови на кралското семејство се согласуваат дека покрај финансиската помош треба да се развие пакет практични мерки за помош за украинските бегалци. Тоа наедно значи и обезбедување сместување во Велика Британија и многу е веројатно дека ќе биде отворен имотот Дамфрис во Шкотска, како и неколку други имоти што би можеле да послужат како нов дом за бегалците – рекол тој.
Овој потег на кралското семејство наиде на одобрување кај британската јавност.
Според изворот, членовите на кралското семејство сакаат на Украинците да им понудат работа, како и да обезбедат продолжување на образованието за нивните деца.

– Ќе пристигнат многу Украинци со искуство во земјоделството, производството на храна и угостителството, кои можат да бидат од вистинска вредност за нашите рурални заедници. Не сме во заблуда дека на Украинците ќе им биде тешко да дојдат овде, но сакаме да работиме со шкотската и британската влада за да обезбедиме можности за поединци и семејства каде и да можеме – велат од фондацијата, управувана од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
На тоа активно работат принцот Вилијам, принцот Чарлс, кралицата Елизабета, а учествува и војвотката Камила, која исто така сака да понуди дел од своите имоти.