Вечерва и следната сабота (27 мај и 4 јуни) ќе биде реализиран проектот Жапчиња 2022 поддржан од Град Скопје. Ќе бидат изведени детски претстави за најмладите од Национален сојуз на глуви и наглуви лица и Националниот сојуз за лица со телесен инвалидитет – Мобилност.
Претставата „Солта поскапа од злато” е во изведба на актерите Елизабета Клиничаревска-Младеновска, Викторија Анѓушева, Душица Стојановска-Настевска и Ѓорѓи Тодоровски -Трупче, членови на независниот театар за деца и младинци Арт Вени Види од Скопје. Режисер на претставата е Викторија Анѓушева.