Албумот „Toy“ на славниот британски музичар Дејвид Боуви постхумно е објавен на 8 јануари, по повод неговиот 75. роденден. Песните се снимени по настапот на фестивалот „Гластонбери“ во 2000 годинa. Уште тогаш било планирано албумот да биде објавен, меѓутоа одлуката на издавачката куќа била Боуви да сними комплетно нов материјал.
Дискографската компанија ВЦМ и „Дејвид Боуви естејт“ неодамна објавија дека ВЦМ ги презела глобалните издавачки права на каталогот на авторските песни на рок-музичарот. Така, и песните од ова издание станаа дел од легендата за „загубениот албум“ на Дејвид, иако пред десетина години изданието е објавено онлајн, додека во саботата албумот „Toy“ беше објавен во полн сјај и во сите физички формати – цеде и винил.
Во текот на споменатата сесија од 2000-та, претставникот на жанрот глам-рок, Дејвид Боуви (1947 – 2016) повторно ги интерпретира познатите песни што ги снимил во периодот од 1964 до 1971 година. На ова издание се застапени песните: „In The Heat of the Morning“ (1968), со гудачки делници што се преземени од оригиналната демо-верзија на „Shadow Man“, a Боуви во таа пригода повторно го снимил и својот прв сингл „Liza Jane“ (1964).
Договорот со големата музичка компанија го опфаќа комплетниот опус на Боуви – стотина песни од кариерата, која траеше шест децении.
Славниот британски музичар, пејач, композитор, продуценти и глумец Дејвид Боуви почина на 10 јануари 2016 година, по 18-месечна борба со ракот, мирно, во кругот на семејството.
Инаку, албумот „Toy“ е објавен на платформата „Спортифај“.