Холивудската глумица Мишел Фајфер (64) се појави во Лондон на премиерата на ТВ-серијата „Прва дама“. И покрај нејзините 64 години, таа повторно сите ги воодушеви со изгледот, кој ја нагласи нејзината тенка фигура.
Инаку, Мишел имаше подолга пауза, а причина за тоа беше желбата да му се посвети на семејството. Глумицата и натаму ја сметаат за една од најдобрите во нејзината генерација, а на филмското платно се врати пред неколку години, кога одушеви со улогите во филмовите „Волшебник за лаги“ и „Убиството во Ориент експрес“.
Мишел досега двапати се мажела, првиот пат пред олтарот застанала со Питер Хортон, нејзин колега, со кого често соработувала на филмското платно. Нивниот брак траел седум години, а се развеле во 1988 г., поради напорниот распоред и одлуката да ѝ дадат предност на работата.
Мишел имала и врска со глумецот Фишер Стивенсон, кого го запознала три години по разводот во Њујорк, како и со Џон Малкович. Вторпат го кажала судбоносното „да“ во 1993 година, кога се омажила со продуцентот Дејвид Е. Кели, со кого е во брак и денес. Имаат две деца, ќерката Клаудија Роуз (28) и синот Џон Хенри (26).