И оваа сезона ќе се носат комплети од сатен, свила и слични материјали, со т.н. пижама-дезени. Овие костими се елегантни и лежерни во исто време, но и доста практични, бидејќи можат да се носат од утро до вечер и во секој момент да изгледате дотерано и соодветно на пригодата.

Свилените комплети се женствени, но имаат и урбан печат, особено ако ги носите со патики или со шик накит. Најголема предност е што панталоните и кошулата (сакото) може да се носат заедно, но и посебно, па можете да направите разни комбинации.
Изборот во продавниците е голем, за дамите што сакаат да бидат во центарот на вниманието има модели со впечатливи принтови, додека за оние поедноставните вистински избор се посмирени дезени или еднобојни модели.