Дека Словенија секогаш е добра идеја за љубителите на природните убавини, потврдува и водопадот Перичник, сместен во северозападниот дел на државата. Поточно, тој се наоѓа недалеку од границата со Австрија и Италија и е одлична точка ако сакате да го поврзете излетот со посета на националниот парк Триглав.
Водопадот се наоѓа во регионот Горењска Јесенице, во близината на реката Триглавска Бистрица. Се смета за еден од најубавите водопади во Словенија. Таканаречениот Долни Перичник е висок 52 метри, а го опкружуваат неколку видиковци и можете да му се доближите во неколку етапи, па и од „зад грб“.
Патеката што води до првиот дел не е тешка, но ве очекува искачување на 100 метри височина. Ќе ви бидат потребни десетина минути за тоа. Оттука можете да го видите водопадот пред вас, но исто така можете да тргнете по патеката што води до карпите зад водопадот. Глетката е спектакуларна, бидејќи пред вас ќе видите водна завеса. И има трета опција да го набљудувате водопадот од страна, од каде што пред вас се простира прекрасен поглед. За да го видите повисокиот дел, Горен Перичник, кој е висок 16 метри, одете по патеката што тргнува од десниот брег на реката. Ќе ви бидат потребни 20 минути до врвот, а таму ве чека панорама кон долината на реката.