Пандите се животни што се познати по тоа што се многу пребирливи за храна, јадат само бамбус и поминуваат 15 часа секој ден јадејќи дури 45 килограми од тоа дрво. Меѓутоа, она што е интересно е дека нивните предци, како и повеќето мечки, јаделе разновидна храна, која вклучувала и месо. Врз основа на претходните истражувања, се веруваше дека оваа нивна необична наклонетост исклучиво кон бамбус е развиена релативно неодамна. Сепак, новите студии откриваат дека посебната страст за овој вид храна се појавила пред најмалку шест милиони години.
За да преживеат само со бамбус со малку хранливи материи, пандите развиле необичен шести прст на ногата, еден вид палец, што им овозможува лесно да ги фатат стеблата од бамбус и да ги лупат листовите.
Силното држење на стебленцата од бамбус за да ги здробите со каснувања е можеби најважната адаптација за консумирање огромни количества бамбус – вели во изјавата за Си-ен-ен авторот на студијата Ксијаоминг Ванг, куратор за палеонтологија на ‘рбетници во Природонаучниот музеј во Лос Анџелес.
Малите фосилни записи за пандите покажале дека биолозите не биле сосема сигурни како овој вид мечки ја развиле оваа збунувачка особина.
Претходните истражувања открија докази за оваа структура слична на палецот пред околу 100 или 150 илјади години. Ванг и неговиот тим идентификувале многу претходни докази дека пандите имаат дополнителен прст на ногата, а со тоа и „исхрана“ што се состои само од бамбус. Но она што особено ги збуни научниците вклучени во студијата е дека оваа фосилизирана структура е подолга од оние на модерните џиновски панди, кои имаат пократок, закачен шести прст.
Од пет до шест милиони години требаше да бидат доволно време за пандата да развие подолги лажни палци, но се чини дека еволутивниот притисок од потребата да патува и да ја носи својата тежина го одржа „палецот“ краток и доволно силен за да биде корисен без да биде голем – вели коавторката на студијата Дениз Су, вонредна професорка на Факултетот за човечка еволуција и општествени промени.