Саксофонистот Горан Папаз објави нов видеозапис насловен „Овој момент“, каде што гостува и легендарниот Влатко Стефановски.
– Не можам да опишам со зборови колку ми значи ова парче музика на кое ми гостува човекот што никого нè оставил рамнодушен со неговото свирење. Бескрајно сум им благодарен на маестро Влатко Стефановски и на сите што работеа на овој проект – напиша Горан Папаз на социјалните мрежи.
Видеото е изработено од страна на нашиот познат режисер и сценарист Гоце Цветановски.
Аранжманот и продукцијата на песната се на Гоце Симоноски, мастерингот е на Лазар Цветкоски, а музиката е на Горан Папаз. Песната е снимена и работена во студиото на Лазар Цветкоски и на Танче Гроздановски.