Николас Кејџ со големиот број мемиња стана херој на интернет

189

Николас Кејџ призна дека не му е јасно зошто толку често прават мемиња од него. Ѕвездата на „Неподнослива тежина на масивниот талент“ не е фасциниранa од своето лице или изрази на лицето што се појавуваат во вирална содржина, па дури и се печатат на маици, перници и на шолји за кафе.
Сè уште не разбирам целосно што е фасцинацијата со мојот лик или изрази на лицето во овие мемиња. Немам ништо против, добро е, но зошто? Што е тоа – вели Кејџ (58) во интервјуто за априлското издание на магазинот „Џи кју“, каде што тој е на насловната страница, фотографиран од Џејсон Носито.
До средината на 2000 година, Николас Кејџ беше уште еден холивудски глумец со познати роднини (негов вујко е славниот режисер Френис Форд Копола), но токму од таа година почна да се претвора херој на интернет-светот. Неговите улоги беа инспирација за создавање голем број мемиња со неговиот лик, а денес го нарекуваат и веб-икона.