Бобан Цаневски – еден од победниците на регионалното музичко шоу на „Гранд продукција“

Бобан Цаневски, единствениот Македонец кој се најде меѓу финалистите на реагионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ на „Гранд продукција“- Белград, е еден од тројцата победници на овој голем натпревар на музички таленти по 40-та година.

Бобан во неделата освои најмногу гласови од публиката, поточно 1.892 гласови од цела екс Југославија и така ја продолжи победничката приказна на македонските учесници кои речиси секоја година освојуваат награди на ова шоу.

– Драги мои, едноставно немам зборови со кои може да се опише ова чувство и овие емоции. Најнапред едно огромно благодарам на сите мои пријатели, роднини, колеги кои веруваа во мене уште во самиот старт и гласаа за мене. Оваа победа ја делам со тебе, Македонијо и ви ветувам повторно ќе ве радувам со успеси. Ве сакам сите! – напиша Бобан Цаневски на својот рпофил на Фејсбук, веднаш по победата.

Во моментот тој сѐ уште е во Белград, со целото свое семејство, сопругата Анета, ќерката Ивана и синот Андреј, кој го пријавил за учество во „Никогаш не е доцна“.

Тие како што велат верувале во него и во ниеден момент не се сомневале во неговиот успех. Кога му се јавивме на Бобан да му честитаме на успехот, тој рече дека деновиве ќе биде во Белград, каде, зедно со другите двајца победници, ќе има средби со новинарите и ќе се прават договори за идна соработка со „Гранд“ продукција.

– Искрено не се надевав дека ќе освојам награда. Сепак со многу емоции како што може да се интерпетира една песна на Тоше Проески, ја испејав „Чија си“, а мојот прв настап беше со „Тајно моја“, исто така од репертоарот на балаканскиот ангел. Во текот на натпреварот заедно со Огнен Здравковски го испејавме и нивниот заеднички хит „Лагала нас мала“. Сѐ уште ги средувам впечатоците, но ете, никогаш не е доцна да си ги оствариш соништата. Музиката отсекогаш беше моја љубов, доста настапував сам и со бенд, но по се ова што ми се случи интересот за мене нагло порасна. Постојано добивам покани да пејам и навистина имам многу ангажмани. Токму затоа одлучив даја напуштам работата во Музејот на холокаустот во Скопје и да и се посветам целосно на мзуиката – ни рече Бобан Цаневски.

 

Тој настапи и на недоамна одржаниот „Фолк-фест Валандово“, каде ја отпеја песната „Мој соколе“ на реномираниот композитор и музичар Милан Зафков.

– Иако пеам и народна и забавна мзуика, во иднина планирам повеќе да се насочам кон забавните мелодии. Имам и мои авторски песни, едната е на текст на Орце Гелевски, а ќе снимам и други. Инаку, од „Гранд“ продукција ни ветија дека ќе снимиме за нив една песна, за почеток и голема медиумска поддршка. Ова учество во шоуто за мене всушност претставува голема пресвртница во животот и голем чекро напред. Тука сите корекно се однесуваа со нас учесниците и ме воодушеви голмиот професионализам со кој се подгтвува ова шоу. Сепак, најголем впечаток ми остави големата сцена, одличниот оркестар и врвната органзиација. Со еден збор – незаборвно искуство – вели Бобан.

Лично тој од осумте песни што ги отпеја во рамките на натпреварот, најзадоволен е како ја донел „Као моја мати“, од репертоарот на Здравко Чолиќ, за која доби мномгу пофалби.

– Драго ми е што голем број Македонци се моблизираа и гласаа за мене, што е уште еден доказ дека ние како народ сакаме да помагаме, но и имаме слух за добра музика – ни рече Бобан Цаневски.

Освен него победник од публиката која гласаше на социјалната мрежа Фејсбук е Дубравко Бијондиќ – Дуба, а стручното жири, чиј претседател беше познатиот српки композитор, текстописец и продуцент Саша Милишевиќ-Маре, во кое беа и Калиопи и Тијана Дапчевиќ, заедно со уште дваесетина врвни пејачи и музичари од регионот, своите гласови му ги даде на Амер Ченгиќ-Ченга, родум од Босна и Херцеговина, а живее во САД. М.Т.

Фотo: Фејсбук и портал на емисијата „Никогаш не е доцна“