Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и случувањата низ кои минува во Австралија, поради проблемите со визата и невакцинирањето, ќе бидат во центарот на претстојниот документарец на Нетфликс, пренесува „Дејли мејл“.
Како што објавија британските медиуми, филмската екипа пристигна во Австралија за да го почне снимањето на „најексплозивниот почеток на тениската сезона во последните неколку години“, благодарение на дебаклот низ кој мина Ѓоковиќ.
Овој документарец е замислен како тениска верзија на мошне популарниот документарец за Формула 1, „Вози да преживееш“, чиј извршен продуцент е Џејмс Геј Рис.
Британските медиуми исто така наведуваат дека обично спротивставените спортски актери се здружиле да го поддржат овој нов проект, за кој се очекува да се емитува на Нетфликс во текот на 2023 година.