Фото: М.Т.

„Мајка“ е насловен новиот албум на дуото „Некст тајм“, што го сочинуваат близнаците Мартин и Стефан Филиповски, а премиерно беше претставен вчеравечер.

Како и секогаш, кога се во прашање „Некст тајм“ настанот предизвика огромен интерес, па голем број нивни обожаватели, пријатели, колеги, претставници на медиумите дојдоа да бидат дел од промоцијата.

Фото: М.Т.

-Албумот „Мајка“ и го посветуваме на нашата и на сите мајаки во светот, но пред се на нашата единствена – мајка Македонија – порачаа момците од „Некст тајм“.

Се одржа мини-концерт на кој во живо слушнавме дел од песните што изминатите десетина години со атрактивни спотови ги претставуваа Мартин и Стефан. Албумот се изработуваше долг период под палка на познатиот македонски композитор и музичар Никола Мицевски, кој исто така беше дел од концертот . Тој на познати македонски народни, револуционерни песни им даде ново руво, што допре до младата публика во земјава. Доказ затоа беше пеењето заедно со Стефан вчеравечер и бурните аплаузи во такот на музиката.

Материјалот е снимен и мастеризиран во студио „Момировски“, а спотовите, фистински филмови, ги режираше Огнен Шапковски. Голем придонес во реализацијата има и Мартин Филиповски.

Стефан, Филип и нивната мајка на промоцијата / Фото: М.Т.

На албумот има девет композиции и нова верзија за песната „Ја излези Ѓурѓо”, како бонус, каде Стефан пее во дует со популарниот Влатко Лозаноски – Лозано. Со голема поддршка од публиката песната синоќа ја слушнавме двапати, односно вотриот пат „а капела“.

Еден од поемотивните моменти бееш кога браќата ја викнаа и својата мајка на сцената и се фотографираа со неа. Кога прозвучи песната „Да те питам бабо…“, една баба со бела коса на моците им подари цвеќиња. Имаше и македонски знамиња во публиката, која особено емотивно реагираше кога се пееше песнта посвтена на Јане Сандански – „Кога падна на Пирина“.

Фото: М.Т.

Во наредниот периодс „Некст тајм“ најавуваат нов материјал, многу поразличен од се што правеле досега.