Револуционерна студија сугерира дека имуните клетки против инфективна мононуклеоза (жлездена треска) имаат потенцијал да ги запрат или дури и да ги поништат симптомите на мултипла склероза.
Американските научници спровеле студија, во која на пациентите со оваа болест им биле вградени Т-клетки што му помагаат на телото да се бори против вирусот што предизвикува треска на жлездите.
Скенирањето на мозокот покажа дека прогресијата е бавна или дека симптомите се целосно изменети кај некои пациенти, се вели во студијата.
Оние што ги набљудувале резултатите, исто така, биле сведоци на трајно подобрување на попреченоста, како што е способноста да одат со помала болка. Т-клетките беа извлечени од луѓе што закрепнале од Епштајн-Баровиот вирус (ЕБВ), кој предизвикува инфективна мононуклеоза и е идентификуван како можна причина за МС. Истражувачите признале дека студијата била мала и не исклучувале плацебо-ефект – феномен во кој некои луѓе се чувствуваат подобро затоа што го очекуваат тоа. Сепак, резултатите би можеле да означат голем напредок во разбирањето на болеста, која моментално е неизлечива.
Мултипла склероза е состојба што влијае на вашиот мозок и ’рбетниот мозок како резултат на оштетување на обвивката што ги штити вашите нерви (миелин). Ова предизвикува голем број симптоми, како што се замор, заматен вид и проблеми со движењето и чувствата. Состојбата останува со вас доживотно кога ќе се дијагностицира, но третманите и експертите можат да помогнат во управувањето со состојбата и нејзините симптоми.
Откритието следува по големата студија од универзитетот „Харвард“, во која учествуваа милион војници и покажа дека Епштајн-Баровиот вирус има потенцијал да биде водечка причина за мултипла склероза, при што заболените од вирусот имаат 32 пати поголеми шанси да ја развијат состојбата.
Револуционерната терапија со Т-клетки ја разви американската компанија „Атара биотерапевтикс“, со седиште во Сан Франциско.