Група швајцарски научници пронајдоа нов дел од човечкото тело. Ова е трет слој на мускулот на долната вилица што досега не е забележан. Може да се забележи кога се стегаат забите и се ставаат прстите на образот, а неопходен е за џвакање на храната. Овој слој на мускулот е откриен со истражување што беше објавено во научното списание „Аналс оф анатоми“.
Досега не е идентификувано, односно не се разгледувало дали воопшто постои трет слој на масетерскиот мускул.
Во студијата биле користени 12 глави од трупови, човечки тела, кои биле складирани во формалдехид, а потоа биле расчленети. При скенирања со компјутерска томографија биле прегледани 16 човечки тела. Освен тоа, главата на жива личност била прегледана со магнетна резонанција.
Откритието беше неверојатно за истражувачите. Според еден од истражувачите, професор на Универзитетот во Базел, Јенс Кристоф, тие го доживеале ова како откривање на сосема нов животински вид. Според докторката Силвија Мезеј, која го водела истражувањето, веројатно овој дел од мускулот ја стабилизира долната вилица и ѝ дозволува да се врати кон увото.
Ова откритие е показател за тоа колку човекот не ја познава анатомијата, пишува „Џерусалем пост“.